Со вклучени сирени вработените од болницата во Охрид и оддадоа почит на медицинската сестра која почина од коронавирус
Со вклучени сирени и ротациски светла на амбулантните возила за итна медицинска помош на Здравствениот дом од Охрид и од Општата болница денеска вработените во здравствените установи од градот и оддадоа последна почит на првата жртва на короновирусот од нивните редови.
Медицинската сестра Дијана Димоска е првата жртва на Ковид-19 меѓу вработените во здравствените инситуции во градот. Педесетгодишната Димоска беше работно ангажирана во Интерното одделение на болницата во Охрид. Таа им подлегна на компликациите предизвикани од коронавирусот и пред два дена беше погребана на Градските гробишта во Охрид.
Денес Општа Болница Охрид тагува 😢
Нашата медицинска сестра Дијана Димоска родена на 29.9.1971 во Загреб, ја загуби…
Posted by JZU Opsta Bolnica- Ohrid on Saturday, September 26, 2020
На фејсбук профилот на Општата болница од Охрид покрај изразувањето почит кон колешката повторно потсетија на потребата од поголема свест и одговорно однесување како најефикасен начин за спречување на ширењето на вирусот и најдобар начин за справување со епидемијата.
❗️❗️❗️ИЗВЕСТУВАЊЕ ❗️❗️❗️
Утре во 12 часот, точно напладне возилата за брза помош на Здравствен дом и возилата од Општа…
Posted by JZU Opsta Bolnica- Ohrid on Monday, September 28, 2020
Оттаму се апелира на одржување хигиена, избегнување групни собири, држење реастојание, како и здрави животни навики и повеќе физичка активност.
-Не е важно дали сте млад или стар, богат или сиромав, директор или работник. Дајте нека конечно проработи свеста кај сите нас и нека гордоста и неверувањето ги замениме со горенаведените поуки. Здравјето е најголемо богатство, потенцираат во објавата од ЈЗУ Општа болница Охрид.