Сопственикот Алити против Заев ќе поднесе тужба- јас сум новиот Иснифарис Џемаили
„Не градев нов објект туку го обновував изгорениот објект, кој предходно беше со метална конструкција, имав одобрение за обнова на објектот, рече сопственикот на објектот пред ТЦ „Мавровка“ кој денеска се урива, Мевљудин Алити.
Според него во таков случај не било важно со каков материјал ќе се обнови објектот, само да не излегува од постоечката површина.
– Нека руши државата како што е научена да руши. Ми ги остави вработените без плата, семејството без леб – додава Алити.
Сопственикот вели дека на суд ќе ја бара правдата, а ако треба ќе се жали и во Стразбур.