СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО – „Протест со автомобили против мафијата на Заев која ја урна економијата во Македонија“

Мафијата на Зоран Заев ја урна економијата во Република Македонија. Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ останаа над 40 илјади граѓани на улица за пет месеци, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија има историски пад на БДП од 12.9%.

Зоран Заев тргува со македонската историја, го продава Гоце Делчев.

Земјоделците поради владата на СДСМ се на питачки стап.

Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сѐ е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ.

Во четврток, во 18.00 часот, протест на ВМРО-ДПМНЕ со автомобили кој ќе започне пред паркингот на спортската сала „Борис Трајковски”, по булеварот Партизански одреди, до пред Регулаторната комисија која делува како продолжена рака на СДСМ и Заев.

Поскапа струја, сиромашен народ“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПРОТЕСТОТ ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГО СЛЕДИТЕ ВО ЖИВО НА СЛЕДНИОВ ЛИНК:

https://youtu.be/53Py35cKryk