Родители, престанете да им ги кажувате овие работи на вашите деца

Јасно е дека родителите го мислат најдоброто за своите деца. Но, да бидеме искрени и тие грешат понекогаш.

Постојат зборови и реченици кои никогаш не треба да им ги кажете на вашите деца бидејќи истите многу лошо влијаат на нив.

Престани да плачеш, одма!

Треба да бидете свесни дека колку и да ве нервира тоа, вашето дете секогаш плаче поради некаква причина. Затоа, наместо да им наредувате и да ги правите глупави што го прават тоа, обидете се да сфатите што можете да направите. На децата треба да им биде дозволено да го чувствуваат тоа што го чувствуваат и да не потиснуваат во себе.

Помогнете им да престанат да плачат и објаснете им зошто треба да го направат тоа, наместо да им велите дека плачењето значи слабост.

Ме разочаруваш!

Овие зборови удираат директно во детското срце и можат да ја уништат нивната доверба, доколку ги повторите неколку пати. Кога детето ќе направи нешто што е погрешно, обидете се да му објасните зошто тоа не е добро и што значи за вас тоа што го прави, наместо да го прекорувате.

Не си доволно добар/добра!

Што и да направи детето, обидете се да му покажете дека го цените неговиот напор. Доколку постојано му повторувате дека не е доволно добро, тоа ќе почне да верува во тоа. Потоа, низ животот ќе се плаши да направи некаков чекор, мислејќи дека што и да направи не е доволно добро. Затоа, кажете му дека никој не е совршен и дека успехот доаѓа полека, доколку се потрудиме.

Машките не плачат и не се плашат!

Ова е нешто што постојано им се кажува на машките деца, особено во нашата држава и на Балканот. Детето треба да знае дека животот носи и убави и лоши моменти. Како што се смееме за добрите, така треба да си дозволиме да бидеме тажни за лошите и тажните моменти.

Правам сѐ за тебе!

Кога ќе му го кажете ова на вашето дете, веројатно вие навистина правите се за него, но тоа за детето е порака дека вие правите се за него, а тоа не прави се за вас. Ваквите зборови можат сериозно да влијаат на самодовербата и начинот на однесување на децата и нивниот развој. Бидете внимателни.

Дебел/а си!

Дури и да е така, постои начин како да им покажете дека заедно треба да се погрижите за здравите навики. Ако имате дебело дете, тие веќе знаат дека се подебели. Но, домот треба да биде безбедно место за нив, каде тие полека треба да научат да се хранат здраво и да ослабат, наместо да им се потенцира постојано дека се дебели и да се влијае негативно на нивната самодоверба.