Професорката д-р Иванка Василевска бара од Петар Богоевски јавно извинување за изречените навреди и клевети
Професорката на правниот факултет и актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Проф. Д-р Иванка Василевска
Иванка Василевска бара од Богоевски јавно извинување за изречените навреди и клевети.
Би сакала да ја известам јавноста дека денеска на 30.09.2020 година, поднесов Барање за јавно извинување до Петар Богојески, за изнесените невистини на дебатната емисија од минатата недела на телевизијата 24 вести. Не е прв пат да бидам предмет на лаги, клеветења и спинување на мислите и зборовите, но, сега сметам дека доколку не поставам јасна линија до каде може некој да се изживува со мене, истите ќе помислат дека моето доблесно трпение е бесконечно, а самопочитта ми е на исто ниво како и нивната т.е. – непостоечка. Бидејќи мојата намера во делувањето во општествено-политичка смисла е чиста и искрена, бидејќи мене секогаш ми претставувало чест и врвен императив борбата за зачувување и унапредување на Македонија како суверена, самостојна, демократска и независна држава, јас сум горда на мојот македонски народ и на своето чесно и гордо македонско потекло, никогаш никому не сум посакала, ниту сум нанела зло, но, на сите сум им се обратила директно и секој си знае каде стои во мојот вредносен систем, ценам дека е редно да се одбранам самата себе на овој начин и да ги исчистам овие злонамерни, комплетно неточни и крајно злобни навреди. Се надевам дека Петар ќе се извини и верувам дека сите кои ја сакаат Република Македонија и го почитуваат македонскиот народ ќе се кренат против ваквите инструирани навреди.