Променливо облачно со ветер и повремен дожд
Времето ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните подрачја ќе има услови за повремен локален дожд.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 31 степен.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.
Зголемена облачност ќе има и во сабота, а потоа следува период на посончево време со пониски утрински температури.