Европскиот систем за предупредување за невреме ЕСТОФЕКС издаде предупредување од втор и прв степен за делови од Хрватска и Западен Балкан, наведувајќи дека дел од регионот ќе биде под влијание на пороен дожд и град.
Тие додаваат дека се можни торнада и силни налети на ветер. Бури се формираат на северот на Хрватска се до југот на Словачка и дека станува збор за силни бури.
Најголема активност се очекува во вечерните часови, кога се очекуваат најмногу врнежи.
Severe Weather Europe објави и прогноза со која најавува за попладенто поројни врнежи од дожд за Западен Балкан и дел од Медитеранот.
Промената на времето во Хрватска веќе почна и пороен дожд врне во Далмација и Истра, додека паѓа град во Загорје. (МИА)