Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со предлог мерки до владата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ и предлагаат на Владата:

1️⃣Да се ослободат од плаќање на партиципација сите редовни студенти запишани во државните универзитети за учебната 2020/2021 година, без разлика во која година од студирањето се наоѓаат.

2️⃣Да се обезбеди бесплатна храна во училиштата за сите ученици.

3️⃣Да се овозможи бесплатно згрижување на децата во градинките.

Ова се вистински антикризни мерки кои реално ќе им помогнат на околу 100.000 семејства во Република Македонија.

https://www.facebook.com/i.janusev/posts/657243914997279