Поранешен македонски градоначалник почина од Ковид-19

Мазлум Хасан, поранешниот градоначалник на Општина Центар Жупа, почина како последица од компликации од Ковид-19. Хасан почина на 52-годишна возраст.

Веста за смртта на Хасан ја потврди и градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Денес ја примивме тажната вест за смртта на поранешниот градоначалник на ц. Жупа, Мазлум Хасан. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот и Бог да им даде сабур. Го молиме Господ на Мазлум да го награди со Џенет ин ша Алах., напиша на својот Фејсбук, Дука.

Постави одговор

Your email address will not be published.