Одложено јубилејното 50 издание на „Златен Гонг“
Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија, донесе одлука да го одложи одржувањето на „Златен Гонг 2020“ поради пандемијата на коронавирусот.
Оваа година традиционално во ноември, требаше да се одржи 50-јубилејно издание на „Златен Гонг“, но поради светската пандемија на коронавирусот не може достојно да се организира еден ваков традиционален настан.
Управниот одбор на БФМ, на седницата со едногласна одлука реши го одложи одржувањето на „Златен Гонг 2020“.
-Нашата цел беше оваа години да го организираме „Златен Гонг“ достојно, со квалитетни боксери од Европа и светот, согласно јубилејот на 50. издание. Невозможно е во ваква ситуација на светска пандемија да се организира ваков важен настан, за жал принудени сме да го одложиме за следната година, и други големи спортски собири оваа година се одложени за следната поради пандемијата на коронавирусот, тоа беше случај Олимписките игри, сметам дека ова е исправна одлука, оваа спортска манифестација заслужува организација и квалитет за јубилејот на високо ниво, изјави претседателот на БФМ, Примислав Димовски.
Низ историјата од разни причини „Златен Гонг“ не се одржал два пати, во 1988 и 1997 година, ова е прв случај во богатата историја, традиционалниот спортски настан да се одложи поради пандемија од светски размери.