Потребни состојки:
– Едно пакување лиснато тесто
– Маслиново масло
– Една главица кромид
– Праз
– 2 чешниња лук
– 500 грама спанаќ
– 2 јајца
– 30 грама фета сирење
– Сок од половина лимон
– Сусам
Кромидот и празот се сечкаат на ситни парчиња, па потоа се динстаат на маслиново масло. Се додава исечканиот лук и се динста уште неколку минути.
Додајте го и спанаќот и динстајте додека не испари водата. Динстаниот зеленчук ставете го во сад и додајте едно јајце, лимонов сок и сирење. Измешајте добро и оставете ја смесата да отстои.
Загрејте ја рерната на 20 степени. Развлечете го тестото со дебелина од околу 5-6 центиметри и со помош на нож поделете го на 4 делови. На секое парче тесто ставете од смесата со спанаќ и сирење и преклопете го со другата страна.
Притиснете ги рабовите на погачите со виљушка за добро да ги затворите. Изматете го останатото јајце и премачкајте ги погачите, ставете сусам и печете додека тестото не порумени.