Началникот за борба против организиран криминал Лазе Велковски направил сообраќајка со службено возило и под дејство на алкохол?
По 90 евра на ден, или околу 4.000 евра чинел одморот на Началникот на организиран криминал во МВР Лазе Велковски, кој според информациите на „Инфомакс“ го добил како бакшиш од приватна фирма од чија сметка била платена приватната вила во првата крајбрежна линија на Охридското езеро во хотелот „Десарет“, објавува Инфомакс.
Но, за да биде целосна сликата за шерифот Лазе, одморот кој му траел два месеци – од 20.07.2020 до 10.09.2020 – го „крунисал“ со сообраќајна незгода во која оштетено е службено возило на МВР. И, за да не остане без возило тој си се послужил со друго службено возило за да го истера одморот.
Но, да бидам подетален.
Во периодот од од 20.07.2020 до 10.09.2020 година, Началникот на организиран криминал Лазе Велковски заедно со неговата сопруга и ќерка престојувале во вила на првата крајбрежна линија на Охридското езеро во хотелскиот комплекс „Десарет“. Според информациите на „Инфомакс“ сместувањето, кое чини 90 евра дневно било платено од приватна фирма, која спротивно на закон го наградила началникот.