Моника Белучи денес го слави својот 56-ти роденден, со безвременска убавина изгледа како воопшто да не се променила низ годините
Моника Белучи денес го слави својот 56-ти роденден. Актерката со безвременска убавина изгледа како воопшто да не се променила низ годините.
Таа и пркоси на естетската хирургија и затоа ја обожаваат насекаде низ светот.
– Убавината е хендикеп ако сте глупави, не ако сте интелигентни и знаете како да ја користите. Се чувствувам добро и пријатно во своето тело, но не затоа што сум убава. Познавам многу убави луѓе и нивните животи се страшни. Тие се многу несигурни. Среќна сум што ме сакаат и имам прекрасно семејство, рече Моника.
Италијанската актерка е родена во малото гратче Чита ди Кастелно во провинцијата Умбрија во скромно семејство. Од тие денови, таа се сеќава и како ги гледала филмовите на Софија Лорен и сонувала дека еден ден ќе биде и актерка.
Влегувајќи во тинејџерските години, таа се претворила од „грдо пајче“ во заносен „лебед“. Во светот на модата влезе на 13-годишна возраст, кога го привлече вниманието на еден локален фотограф.
Првата улога ја доби во култниот филм „Дракула“ во 1992 година, во кој играше една од трите жени вампири на Дракула. Набргу потоа, таа се вљуби во нејзиниот француски колега Винсент Касел, со кого има две ќерки. Тие се запознаа на снимањето на филмот од 1996 година. Но, парот се разведе 14 години подоцна.