МИСТЕРИИТЕ ЗА МАЈКЛ ЏЕКСОН

Мајкл Џексон-ликот мистерија како за јавноста така и за блиските. Човекот што не откриваше детали за неговиот живот и што не оправдуваше некои негови чудни постапки, Ќе ви издвоиме неколку мистерии во врска со неговиот живот, за кој имаше многу гласини но никогаш не се докажаа.

1. Бил сексуално малтретиран од неговиот татко

Во 1990-тите, на едно дете му исплатил речиси 20 милиони евра за оштета од злоставување, а на судење во 2009-та година бил прогласен за невин. Биографот Ренди Тараборели, во неговата книга за Мајкл Џексон истакнал дека со години кружеле гласини дека Џосеф Џексон, таткото на Мајкл, сексуално ги злоставувал членовите на неговото семејство. На шоуто на Опра, Мајкл Џексон признал дека татко му се изживувал со него, а татко му рекол: „Никогаш никој не сум тепал, тоа се прави со стап. Јас казнував само со колан.“ Кога станува збор за сексуалното злоставување, никогаш не е докажано дека се случило нешто такво.

2. Мајкл бил геј или асексуалец

Мајкл отсекогаш тврдел дека не е геј, но многу биографи сметаат дека не бил искрен. Тараборели истакнал дека пејачот бил бисексуалец. Биографот Ранал Суливан пак кажал дека Мајкл бил 50-годишник кој никогаш немал секс. Меѓутоа, ова тврдење паѓа во вода бидејќи многу жени сведочеле дека спиеле со пејачот.

3. Мајкл сакал да биде белец

Многумина сметаа дека тој го осветлува неговиот тен за да им се додворува на белите фанови. Но Мајкл изјавил дека ова не е вистина и во интервју од 1993-та година открил дека боледува од витилиго и дека се шминка за да ја изедначи бојата. Ова го потврдила и аутопсијата од 2009-та година. „Јас сум Афроамериканец и сум горд на тоа. Се гордеам на својата раса и во тоа нема сомневање“, изјавил тој.

4. Мајкл го смислил познатиот чекор за танцување „moonwalk“

Кога во 1983-та година Мајкл го изведе познатото „месечево одење“, целиот свет полуде. Меѓутоа, неговата сестра Ла Тоја изјавила дека Мајкл го научил чекорот, кој оригинално бил наречен „backslide“, од некој друг танчар.

5. Мајкл умрел без нос

Кога Мајкл почина, весникот Rolling Stone објави дека протезата која Мајкл ја ставал на носот ја немало и таму имало само црна дупка и мал ‘рскавец. Аутопсијата покажала дека Мајкл ги тетовирал неговите усни црвени. Личноста која работела на аутоспијата изјавила дека митот за „исчезнатиот“ нос е лажен.

Постави одговор

Your email address will not be published.