Костов: Структурното државно насилство освен со непочитување на народната волја, ескалира и во физичко насилство
Политичкиот аналитичар Сотир Костов, вечерва во Алфа телевизија во „Што не е јасно“ истакна дека е згрозен од насилството кое власта структурно го прави врз народот, кое ескалира и со физичко насилство.
Костов говореше на наеколку теми од кои првенствено го осуди физичкиот напад врз Љупчо Палевски-Палчо, за кој рече дека е згрозен од тоа како може неистомисленици на власта да се третираат на таков начин.
-Јас сум згрозен од и давам осуда за физичкиот напад на Љупчо Палевски-Палчо кој е водач на Движењето „Трета“, кој го организираше големиот протест за името и да е најобичен граѓанин, не можеме после ова туку така да поминеме со едно две соопштенија и молк за овој напад, каде се невладините организации за човековите права? – праша Костов.
Костов истакна исто така дека нелегитимната и неграѓанска власт почна и физички да напаѓа, затоа што е власт која не почитува народна волја, власт која погази волја на народ изразена на референдум, а ДИК како единствен надлежен орган го прогласи неуспешен референдумот и наместо да се почитуваат законските одредби експресно се промени Уставот, каде власта употреби поткуп матрица на осум луѓе за да го промени името.
Во однос на прашањето со Гоце Делчев, Костов истакна дека сега власта ни го спрема најлошото, а тоа е прогласувањето на Гоце Делчев за „бугарин“.
-Сега власта ни го спрема најлошото, идеологот на Илинденското востание Гоце Делчев сакаат да ни го земат, браво за оние 50-тината научници, професори и интелектуалци кои се произјаснија за македонизмот и порачаа дека политиката не треба да се меша во историските прашања, вели Костов.