Метанот експлодирал под мразот во Сибир
Меурот од акумулираниот метан, кој којзнае колку долго растел под вечниот мраз во Сибир, кој сега започна да се топи, експлодираше и создаде импресивен кратер длабок 50 метри.
Гигантската дупка најпрво ја забележал телевизиски екипаж кој летал над областа, а според „Сибир Тајмс“, кога научниците отишле да испитаат што се случило, откриле парчиња мраз и карпи исфрлени стотици метри од епицентарот.
Научниците штотуку започнаа да го испитуваат феноменот и засега не е утврдено со сигурност дали оваа бездна е создадена како последица на климатските промени.
Сепак, во 2014 година, нешто слично се случи на полуостровот Јамал во северозападна Русија, по серијата невообичаено топли лета.