Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе повеќе одлуки поврзани со делувањето на партијата
Во текот на вчерашниот ден, доцна вечерта заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што се разгледуваше политичката состојба и се донесоа повеќе одлуки поврзани со делувањето на партијата.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост од историски најлошиот пад на БДП од речиси 13 проценти, како и од негативните трендови во економијата кои покажуваат дека Заев ја втурна земјава во рецесија.
Извршниот комитет ја потврди одлуката за протестен собир поради поскапувањето на цената на струјата и осиромашувањето на граѓаните. Заев и неговата мафија на власт донесе за граѓаните живот на вересија во исто време кога власта се богати на грбот на народот. ВМРО-ДПМНЕ бара враќање на старата пониска цена на струја и преиспитување на работењето на Регулаторната комисија.
Воедно Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе и повеќе кадровски одлуки како дел од процесот на кадровско доекипирање и катарза најавена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го именуваше Александар Пандов за претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ кој се воведува согласно новиот демократски статут кој стапи во сила од неодамна. Пандов е долгогодишен член на партијата и поранешен вршител на повеќе партиски функции.
Извршниот комитет донесе одлука за именување и потврдување на мандатите на нови 14 претседатели на Општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и тоа:
1. ОК Конче Ацо Митов
2. ОК Валандово Дејан Бошков
3. ОК Демир Капија Александар Галапчев
4. ОК Росоман Тихомир Николов
5. ОК Могила Драган Саботковски
6. ОК Кривогаштани Виктор Деспотовски
7. ОК Долнени Дејан Змејкоски
8. ОК Демир Хисар Никола Најдовски
9. ОК Охрид Сашо Донев
10. ОК Дебарца Саше Силјановски
11. ОК Вевчани Ѓорѓи Влајкиноски
12. ОК Пласница Луме Адемоглу
13. ОК Јегуновце Димитар Костадиновски
14. ОК Тетово Ангел Карапетров
Беа именувани и нови членови на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Кадровските освежувања продолжуваат и во периодот што следи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ