Земјотрес од 4,2 степени во Истанбул

Земјотрес со јачина од 4,2 степени го постресе Истанбул и околните области, јавија турските медиуми.

Земјотресот е регистриран од Дирекцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби АФАД во 16,38 часот по локално време.

Епицентарот бил во Мраморното Море, на дваесетина километри од градот Мармараереглиси, округот Текирдаг.

Земјотресот се случил на длабочина од 6,83 километри. Почувствуван е низ целиот регион Мармара. Оваа област е сеизмички активна и многу научници предвидуваат дека во иднина ќе има земјотрес од над седум степени.