Заев најавува зголемување на даноците
Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев деновиве најави дека главен фокус ќе им биде предвидливост во делот на даночната политика.
Заев вели дека сепак не се откажува од воведување на прогресивното оданочување.
Со ова Заев практично ќе ги зголемува даноците.
Кога министер за финасии беше Драган Тевдовски, односно во ноември 2018 најави воведување на прогресивното оданочување. После ова стопанските комори побараа воведувањето на прогресивен данок да биде одложено за пет години. Тие сметаа дека ваквото решение ќе доведе до зголемување на појавата да се избегнува да се плати данок, но ќе се интензивира и работата на црно. Имено тие посочија дека удар ќе има кај вработените во ИТ секторот кои би можеле да донесат одлука да си заминат од земјава.
Поранешниот министер за финансии, Џевдат Хајредини тогаш се огласи за прогресивното оданочување, посочувајќи дека демагогија е дека со оваа даночна реформа се помага на сиромаштијата и се постигнува некаква правичност.
-Да правиш реформа која ќе влијае на еден процент од граѓаните не е ни реформа. Идеолошки прогресивниот данок е полево, додека пропорционалниот (рамниот) е подесно, ама колку луѓе има кои земаат над 90.000 денари и како ова ќе влијае, мислам дека нема потреба да се дискутира. Нема големо значање и не мислам дека ќе има ефект на намалување на сиромаштијата, вели Хајредини.
Но, не само Хајредини за ова, кога беше актуелната говореше и поранешниот министер, Антони Пешев кој кажа дека ова прогресивно оданочување е на товар на кршливата македонска економија.
По година дена во фотељата на министер за финансии седна Нина Ангеловска и прогресивното оданочување го стави во мирување.
Овде се поставува прашање зошто Владата на СДСМ и Заев повторно го најавуваат прогресивното оданочување кога пред година дена го ставија во мирување, а за истото имаше и големи реакции.