Досега невидени фотографии од Северина пред 15 години: Секогаш знаела да привлече внимание (ФОТО)

Пред 15 години, на „Деновите на пивото“ во Карловац, Северина настапила во фармерки и маица без ракави и со беретка.

Една од најпознатите пејачки на овие простори, Северина (48) со текот на годините го смени стилот на облекување, а сега му посветува повеќе внимание од порано.

Фотографиите на пејачката направени пред 15 години на „Деновите на пивото“ во Карловац покажуваат колку таа се променила, во модата. Северина тогаш настапила во фармерки со голем ремен и маица без ракави.

На главата носела беретка со ликот на аргентинско-кубанскиот револуционер – Че Гевара. Цело време имала насмевка на лицето и додека пеела привлекувала внимание со своите сензуални движења.

Фризурата и фигурата на Северина не се смениле многу. Оттогаш, пејачката се здоби со завидна армија фанови и постигна голема популарност на овие простори.