ДЕСЕРТ – ЉУБОВЕН МИЊОН

Потребни состојки:

– 3 јајца

– 2-3 капки екстракт од ванила

– 100 грама просеано брашно

– 40 грама растопен путер или маргарин

Во мал сад изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа ставете ги над сад со вода и гответе на пареа. Мешајте постојано додека смесата не стане густа и додека не се загрее.

Тргнете ја смесата од шпоретот, додајте го екстрактот од ванила и мешајте додека не се излади. Кога ќе се излади, постепено додавајте го просеаното брашно, а на крај додајте го и маргаринот или путерот.

Подготвената смеса ставете ја во тава за печење (најдобро со димензии 30х30) обложена со хартија за печење. Распоредете ја рамномерно и печете ја во рерна загреана на 180 степени, околу 20 минути.

Извадете ја тавата од рерната и оставете го тестото да се излади 10-тина минути. Потоа отстранете ја хартијата за печење и оставете го да се излади целосно. Со калап можете да направите форми по ваша желба или да го исечете тестото на коцки или правоаголници, па да го филувате по желба.

– Тестото употребете го веднаш, или ставете го во најлонска фолија и чувајте го во фрижидер до 2 месеца.