Дали со новонајавениот закон за пензија власта ќе го оптерети и урне ПИОМ?
Најавениот закон за пензионирање од страна на СДСМ, наиде на лавина реакции. Но, експертите единствено се загрижени дали ПИОМ ќе може да го издржи товарот и стабилноста дали ќе се наруши.
Владата најави дека една од првите задачи во новиот мандат ќе го измени законот за пензионирање. Со законот нема да бидат опфатени медицинскиот кадар и универзитетските професори кои се дефицитарни. За приватниот сектор, согласно законите, ќе можат да бидат ангажирани со договори и да имаат дополнителен приход покрај пензијата. Законот ќе важи од 1 јануари следната година и со него ќе се пензионираат над 10.000 возрасни лица.
Целта на законот е подмладување на кадарот и ослободивање места за младите стручни кадри.
„Оваа измена ќе значи зголемување на број на пензионери, намалување на бројот на вработени може да се дрази дополнително врз дефицитот на пензискиот систем, а тоа индиректно да влијае на државниот Буџет“, изјави Благица Петреска од Finance Think.
Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, вкупните приходи на Фондот во 2019 година изнесуваат 75,9 милиони денари (околу 1,2 милијарда евра) и во овој износ парите од државната каса се 29 милијарди денари (околу 471 илјада евра), што значи дека околу 40 отсто од неопходните пари се обезбедуваат преку буџетот. Пензискиот придонес од 1 јануари 2020 година изнесува 18,8 отсто од бруто-платата. Податоци на Фондот за ПИОМ покажуваат дека во 2019 година имало 581.405 вработени осигуреници со задолжително пензиско и инвалидско осигурување, а дека бројот на пензионерите на крајот од 2019 година бил 324.039, или дека 1,8 вработен издржува еден пензионер.
Колку за споредба, пред триесетина години тројца вработени издржувале еден пензионер. Од вкупните приходи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кои изнесуваат околу 1,2 милијарда евра, расходите за пензии се 77 отсто, или околу 915 милиони, а другите пари одат за плаќање на здравствениот придонес за пензионерите, за трансфери во вториот пензиски столб, како и за самото институционално функционирање на пензискиот фонд. Меѓународниот монетарен фонд во неколку наврати побара покачување на старосната граница за одење во пензија, за намалување на дупката во ПИОМ, која сега се полни со средства од буџетот.
-Ова што се прави е дефинитивно контра препораките на ММФ и оваа мерка е префрлање од шупливо во празно. Тоа се стари идеи дека на тој начин може да се помогне во намалувањето на невработеноста, вели поранешниот гувернер на Народната банка, Петар Гошев.
Според него, тоа се испробани методи што ништо не решиле и дека товарот само се преместува на друго место. На утринската програма на телевизија Сител еден гледач рече дека овој закон ќе помогне на одредени граѓани, а граѓаните што немаат доволно години стаж за цела пензија ќе бидат оштетени.
Бидејќи во ова време има граѓани кои се приморани да работат без да се пријавени во пензискиот фонд.
„Срамота со овој закон некои ќе се наградат, но некои ќе се уништат. Законот треба да се доработи да е добар за сите граѓаните, не селективно“, забележа една гледачка.
Друг пак посочи „Ако сака оваа власт добар закон нека направи 30 години стаж за жени, 35 стаж за мажи. Така сите граѓани кои ќе навршат ваков работен стаж директно да одат во пензија“.
За експертите предлогот е добар затоа што ќе ослободи место за вработување млади лица, но препорачуваат Владата прецизно да ги пресмета ефектите, посебно трошоците за ПИОМ.
Со рефомрите од минатите години кај Фондот има извесна стабилизација и многу е важно таа да не се наруши.