Бизнис секторот потврдува дека Владата не им помогнала во кризата
И додека состојбата со ликвидноста на компании во Македонија е сериозно влошена и бизнис секторот сериозно предупредува и и укажува на Владата, опозицијата предлага конкретни чекори. За истите пак власта нема слух. Деновиве претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска тврди дека фирмите едвај ги покриваат основните месечни трошоци и секојдневно ги зголемуваат долговите, а дел од фирмите се принудени и да стават клуч на врата.
Дека е тоа така, говори и последниот извештај на Народна банка во кој може да се види дека над една третина од македонските фирми имаат блокирани сметки. Во извештајот стои дека, во месец јуни биле блокирани сметките на околу 34% од вкупниот број активни фирми во земјата. Колку е лоша состојбата во македонската економија ни говори и бројката од околу 40.000 луѓе кои, од почетокот на пандемијата со корона вирусот, останале без своите работни места.
Бизнис секторот, многу пати апелираше, дека потребно Владата да донесе сет на мерки кои ќе им помогнат на стопанството, но од таму не ја свати сериозно целата таа работа. Имено на вчерашната средба со министерот за економија, Крешник Бектеши тие побараа конкретни и навремени мерки за сите дејности од стопанството за да можат да ја надминат кризата.
Арсовска побара Владата интервентно да делува со директна финансиска поддршка за најпогодените сектори, за да се ублажат ефектите од пандемијата колку што е можно повеќе, бидејќи има дејности кои се пред пропаѓање.
-Стопанството се соочува со нарушена ликвидност, а за неговата лоша кондиција доказ е и регистрираниот пад на БДП во вториот квартал. Очекуваме интервентно да се делува со директна финансиска поддршка за најпогодените сектори за да се ублажат ефектите од пандемијата колку што е можно повеќе бидејќи има дејности кои се пред пропаѓање. Кризата во континуитет трае повеќе од шест месеци, постојат дејности кои се уште се принудно затворени од Владата за што е неопходно што поскоро по примерот на земјите од регионот и светот да се креираат прецизни протоколи за работа за остварување на дејноста, но и здравствена превенција и да им се овозможи да функционираат, рече Арсовска.
Една од причините според Арсовска е што стопанствениците решиле да не ги отпуштаат вработени и тековно да продолжат со работа, со надеж дека работите набрзо ќе се вратат во нормала. Таа додава дека очекува, со 4 пакет, на компаниите да им се овозможи директна финансиска поддршка, особено тие кои се принудно затворени, а ќе се овозможи и бескаматен кредит. Неколку пати бизнис заедницата реагираше дека помошта, која приватниот сектор ја доби од државата, е минимална и недоволна. Арсовска, и на вчерашната средба со претставниците на власта, им укажа дека финансиската помош од Владата, која до сега ја добиле, не е доволна за да можат фирмите да ја пребродат економско-финансиската криза.
На ова предупреди и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој пред некој ден, за најавите на владата дека потготвува четворти сет мерки, истакна дека ниту мерките од третиот пакет не се реализирани а камо ли да проектираат нов, сеопфатен пакет. Тој потенцираше дека од третиот пакет, реализирани се само само ваучерите кои кои требаше да се направи предизборен поткуп на граѓани, но дека ги нема мерките со кои треба да им се помогне на стопанството.
Инаку, бизнисмените цело време тврдеа дека процентуално, во однос на земјите од регионот и пошироко, владата во Македонија одвоила најмалку пари за спас на економијата. Компаниите, до сега, финансиска помош добија во вид на субвенции на плата, во висина од минималец, и можност за аплицирање за бескаматни кредити.