Арената се затвара – Вардар и Работнички ќе си бараат нов стадион за домашните натпревари!
Со цел теренот за дуелот со Косово на 8 октомври да биде поправен, Арената во Скопје се затвора и тоа веднаш по попладневниот меч меѓу Вардар и Шкупи. И Работнички и Вардар добиле официјален допис со кој се “замолуваат“ следните натпревари, на кои се домаќини, да ги играат на друг стадион. Е сега дали тоа ќе биде ФФМ или во Маџари се уште не се знае. До 8 октомври Работнички дома ги игра средбите со Струга Трим Лум и Академија Пандев, а Вардар пак само еден меч и тоа со Беласица, пишува спортмедиа.мк
Се чини дека критиките кои ги упатија нашите репрезентативци по средбата со Ерменија вродија со плод, на некој му текна од тие што стопанисуваат со Арената, да го поправат теренот кој е во катастрофална состојба.