Wednesday, February 8, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИЛасовска: Новоизбраните пратеници се нелегално и нелегитимно одбрани со кршење на Деловник,...

Ласовска: Новоизбраните пратеници се нелегално и нелегитимно одбрани со кршење на Деловник, се повлекувам од работата на верификационата комисија

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија Благица Ласовска денеска на Верификационата собраниската комисија истакна дека мандатот на пратеници од комисијата е завршени посочувајќи дека доколку се продолжи со работа еклатантно се крши Деловникот на Собранието на Република Македонија.

-Сакам да укажам дека нашата работа и нашиот мандат е замрен. Како верификациона комисија ние постоиме исклучиво само за време на конститутивната седница согласно член 12 од Деловникот на Собранието. За верификација на мандати на остатокот на мандатите во Деловникот треба да го читате членот 17 кој што вели: Верификација на мандатот на пратеници кои станале пратеници од листа на кандидати за остатокот од мандатот, Собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот од Државната изборна комисија ако предлог од комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања. Што значи, нашиот мандат е завршен и со тоа нашите надлежности се исцрпени и ние како ВМРО-ДПМНЕ не сакаме повеќе од учествуваме во работата на ова комисија и еве препорачувам до вас сите да престанеме да работиме бидејќи ако продолжиме со работа еклатантно ќе кршиме Деловникот, вели Ласовска.

Според Ласовска потребно е да се работи исклучиво според Деловникот на Собранието а не според како што рече таа погрешните парламентарни пракси, потенцирајќи дека нема повеќе да учествува во работата на комисијата, вели Ласовска.

Таа додава дека ние како пратеници мораме да работиме според Деловник, а не согласно парламентарна пракса и затоа беше мојот апел до сите вас да прекинеме со работа на оваа седница затоа што нашиот мандат веќе е исцрпен и да се формира таа комисија и таа комисија да си ги предложи и да си постапува согласно надлежностите во Деловникот на Собранието на Република Македонија.

-Јас претпоставувам дека сите ние тука како пратеници сакаме да работиме согласно Деловникот, а не согласно некои поранешни погрешни парламентарни пракси и затоа уште еднаш ќе повторам се повлекувам и нема повеќе да учествувам во работата на оваа комисија, рече Ласовска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани