Sunday, February 5, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИГрад Скопје со 1 милион евра против комарците, комарци СÈ повеќе

Град Скопје со 1 милион евра против комарците, комарци СÈ повеќе

Град Скопје на 8 мај годинава склучи договор со две фирми за прскање против комарци во вкупен износ од 67.291.140 денари, но резултатите во најмала рака се дискутабилни. Дека има проблем потврдија и од Град Скопје, но се правдаат дека дошло до поголемо размножување на комарците поради „изразената влага во вегетацијата“, па во консултација со надлежните здравствени служби, донеле одлука да се спроведе вонредно прскање против комарци. Вонредното прскање првично беше најавено за денеска, но поради најавите за влошување на временските услови е одложено за утре.

Сумата од 1,1 милиони евра за прскање против комарци во 2020 и 2021 година ја делат фирмите „ПРИМАТЕКС Бранка ДООЕЛ експорт-импорт Скопје“ и „АЕРОКЛУБ СКОПЈЕ ДОО Чучер Сандево“. Првата фирма, според договорот, треба да добие 34.891.290 денари за набавка на средство за уништување на комарци и ларви, додека втората фирма, согласно договорот, треба да добие 32.399.850 за “авионска апликација на претходно наведеното средство“.

Град Скопје годинава прскаше против комарци четири пари. Само една недела од последното авионско прскање, спроведено предминатиот викенд, низ сите населби во градот има наезда на комарци. Од понеделникот до петокот минатата недела пак се вршеше прскање од земја, но за џабе, комарци има како воопшто да не е прскано.

Голем дел од граѓаните се лути на градските власти, бидејќи наездата на комарци ги спречува да имаат какви било активности на отворено, посебно навечер.

„Ваква наезда на комарци не се памети. Не беше вака ни пред две години, кога задоцнија со прскањето. Сега кај седевме дома поради полициски час, сега пак не се излегува надвор од комарци. Касаат и преку облека, а пликовите се огромни. Џабе фрлаат пари за прскање“, вели скопјанец, кој синоќа се обиде да игра тенис на терен покрај Вардар.

На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК со какво средство се врши прскањето против комарци и дали некој од Град Скопје ги контролира фирмите задолжени за прскање, од Град Скопје завчера одговорија дека се прска со најдобриот светски препарат, производство на германската фирма „Бајер“.

„Прскањето и растворањето на средството се врши согласно упатството на производителот, а под надзор на комуналните служби на Градот“, додаваат од Град Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани