Friday, September 22, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИГрад Скопје донесе одлука во вторник да спроведе вонредно прскање на комарци

Град Скопје донесе одлука во вторник да спроведе вонредно прскање на комарци

Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука во вторник да спроведе вонредно прскање на комарци.

За потсетување, оваа година Град Скопје изврши 4 авионски и 4 терестични дезинсекции на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци.

Последната фаза од авионското прскање беше изминатата недела, односно на 15 и 16 август, а терестичната дезинсекција се одвиваше од 17 август до 21 август.

-Дезинсекцијата Градот Скопје ја спроведува според сите светски и европски стандарди, а средството кое што се користи е од најдобриот светски препарат, производство на Бајер – Германија, а прскањето и растварањето на средството се врши согласно упатството на производителот, а под надзор на комуналните служби на градот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од Градот.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани