СДСМ мора да избере: Албански премиер или опозиција!
Заев станува поголем националист од Груевски! Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, неколку пати предупредуваше дека ќе формира влада и дека никогаш нема да му ја даде функцијата премиер на Албанците. Во медиумите се појавија шпекулации дека е можна опција СДСМ да има премиер 3 години, додека ДУИ една година во четиригодишниот мандат.
Но, се чини дека Заев ниту за оваа опција не сака да попушти, затоа што тој инсистира само тој да биде премиер во наредните четири години. Заев го зголеми притисок врз ДУИ, со тоа што тврдеше дека обезбедил поддршка од тројца пратеници на ВМРО ДПМНЕ кои би можеле да го поддржат во формирањето на парламентарно мнозинство и со тоа да ја остави партијата на Ахмети надвор од владата.
Ова, колку може да изгледа како блеф, може да биде и реалност затоа што самиот Мицкоски го осуди евентуалниот трансфер на пратениците, што значи дека постои доза на вистина во ова.
За порталот ShkurtShqip, Хаким Шума на крај рече: Не треба да го бараме, туку треба да го земеме тоа што ни припаѓа!