ПОЧУСТВУВАЈТЕ ЈА СОВРШЕНОСТА НА ШУМИТЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ФОТОГРАФ МАНУЕЛО БЕЧЕКО
Италијанскиот фотограф Мануело Бечеко, во неговите магични фотографии ја доловува тивката и невина убавина на шумата. Мануело ја користи природата како негово платно, фотографиите изгледаат мистериозно и ги привлекуваат гледачите во една мистична природна убавина.
Дрвата се вистинските главни ликови во неговите фотографии, а Бачеко користи разни агли за да ги истакне нивните лисја, текстурата на нивната кора и облините на нивното стебло.
„Сред дрвата, како сè да гледам на мој начин – џиновски дрва или гранки кои формираат бариери, ириси во окото.
Ова се нешта што ги гледам само во мојот ум и понекогаш можам да ги претворам во фотографии.“ – објаснува Мануело.