Поцкова: Власта го загрозува здравјето на граѓаните, во Струмица ковид тестови се прават во простории во зграда за домување, а не во здравствена установа
Воцентар на град со станбена зграда се наоѓа единствениот пункт во Струмица, во кој земаат брисеви за ковид. Просторијата во која што се земаат брисови е на општината, а внатре се вршат услуги за потребите на центарот за јавно здравје, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Јадранка Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во зградата има 8 станови чии влез е на само неколку метри од влезот на пунктот. Станарите од зградата, како и околните куќи како и таксистите кои се лоцирани тука реагираат бидејќи надвор секојдневно чекаат луѓе за брисови кои се потенцијални носители на вирусот, особен што доаѓаат пациенти за контролни брисеви кои се позитивни на вирусот. Иако влезот на пунктот каде што се земаат брисевите е од надвор, станарите на зградата со број 39 на улица Димитар Влахов се загрижени, бидејќи како што велат луѓето доаѓаат во контакт со пациентите кога поминуваат тука, некогаш го грешат влезот, а често седат и на скалите на самиот влез. Ништо не се менува во СДСМ. Продолжуваат со негрижа кон граѓаните, единствено што ги интересира се како да останат на власт и да продолжат со расипничкото однесување, вели Поцкова.
Таа додава дека толку ли е способен министерот Филипче кој не може да најде соодветна локација во цел Струмица, која нема да ги изложува на ризик граѓаните, туку мора единствениот пункт за земање на брисови за ковид да е во станбена зграда, и Заев кој беше долги години градоначалник на овој град не може да најде соодветни простории за оваа намена.
-Ова е недозволиво, срамно и неодговорно. ВМРО-ДПМНЕ застанува зад безбедноста на граѓаните кои живеат во оваа околина и кои се изложени за ризици заради неспособноста на власта. Итно бараме, министерот за здравство Филипче и поранешниот градоначалник на Струмица Заев да изнајдат нова и соодветна локација за оваа намена. ВМРО-ДПМНЕ останува до крај да биде партнер со граѓаните и нивна поддршка до надминување на проблемите кои им ги создава владеењето на СДСМ. Ние ќе доаѓаме и следните денови тука до целосно решавање на проблемот ќе доаѓаме да ги потсетуваме надлежните дека овој проблем кој што го имаат граѓаните мора да се реши. Но, ќе отидеме насекаде, ќе стапиме во контакт со секого се со цел да ги осознаеме кои се проблемите кои им се наметнуваат на граѓаните од владеењето на СДСМ, вели Поцкова.