ВМРО-ДПМНЕ – Власта на Заев во пресрет на новата учебна година нема никаков план и решение
Власта на Заев е тотално изгубена во менаџирањето на кризата со епидемијата од корона вирусот. Ниту на здравено поле, ниту на економско поле, ниту на полето на образованието, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Уште еден месец до официјалниот старт на новата учебна година а МОН и Комисијата за заразни болести немаат решение како ќе се одвива образовниот процес. Затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди конкретно решение во 10 точки што треба да овозможи непречен и ефективен процес на едукација на учениците во новонастанатата состојба со епидемијата. Очекуваме Министерството за образование и наука да ги земе предвид нашите предлози и да ги подготви просветните работници, родителите и учениците за новата учебна година. Жалиме што немаше конкретен план за справување со новонастанатата состојба од страна на властите поради која најголема штета им се прави на учениците. Но, за жал како и за многу други аспекти власта на Заев потфрли и во овој аспект и покажа целосна неодговорност, неспособност и неорганизираност, се посочува во соопштението на партијата.
Оттаму додаваат дека тие се организирани само кога се работи за криминалот, корупцијата и рекетот. Да се работеше за Луј Витон торби полни со милиони евра, снопчиња пари или пазар со правдата сигурно ќе беа организирани и брзо ќе најдеа решение.
Граѓаните не заслужуваат власт на Заев, бидејќи со Заев Македонија тоне, а цвета криминалот, корупцијата и рекетот.