Потребни состојки за сирупот од кафе:
– 100 грама светол кафен шеќер
– 80 милилитри јаворов сируп
– 120 милилитри вода
– 1 стапче цимет
За леденото кафе:
– Ледени коцки од кафе
– 230 милилитри свежо подготвено кафе
– 2 лажици сируп од цимет
– Пола-пола (микс од хопла и млеко)
За циметовиот сируп, ставете ги сите состојки во мало тенџере и варете на среден оган. Мешајте повремено, сè додека не се загрее добро и шеќерот не се растопи. Ќе ви требаат околу 5 минути.
Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се олади 15-тина минути. Отстранете го стапчето цимет. За леденото кафе, наполнете висока чаша со ледени коцки кафе.
Додајте го свежо подготвеното кафе, циметовиот сируп и миксот од хопла и млеко, за да добиете кремава содржина.