Арсовски – Еуростандард е трајно обезвреднета, Нина си ги повлече парите, но никој не знае дали ќе има и за граѓаните
Власта свесно дозволи Еуростандард банка да пропадне, и создаде афера тешка 200 милиони евра, а со тоа е и свесен причинител на хаосот и неизвесноста кој им се случува на стотина илјади граѓани во Република Македонија, ова денеска преку прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
-Покрај Нина Ангеловска виновен е и Зоран Заев, кој за случајот Еуростандард знаел цела година и не преземал ништо е директно виновен за штета која им се случила на сите граѓаните штедачи во банката, примателите на пензија и социјална помош од истата, но и оние кои од таму земале плата, но вклучително и врз акционерите кои што имале акции во истата банка. Дополнително ако се додаде и фактот дека струмички фирми се дел од фирмите кои со над 50 милиони евра непокриени кредити, поради кои банката пропадна се дел од цела оваа конструкција се поставува прашањето дали некој свесно ја однел банката во пропаст Струмичките компании преку кои се изнесувале парите во форма на кредити од банката се сомневаме дека се блиски директно до Зоран Заев. Тоа се истите компании кои се партнери во бизнисите на семејството Заеви, вели Арсовски.
тој додава дека со самото не преземање и носење во стечај на банката трајно е обезвредната нејзината вредност и секој потенцијален инвеститор кој би сакал да ја спаси ќе има стотина илјади корисници помалку, кои веќе направија сметки во други банки и се исплашени да бидат во иста. Така единствено нешто кое останува е имотот на банката кој во овој случај, како и во сите случаи кога се продава стечајна маса може да оди и под паритет, односно да се продаде по цени далеку пониски од неговата реална вредност, и на тој начин да се оневозможи целосно покривање на клиентите на банката.
-Целиот однос на власта кон случајот Еуростандард покажува дека не им е гајле за граѓаните, туку единствено само за својот личен и бизнис интерес, тоа го гледаме и од случајот со Нина Ангеловска, која ја искористи својата положба и си ги повлече своите 250.000 евра од банката, додека стотици илјади граѓани останаа со заглавени пари депозити и сметки. Доколку власта мислеше на граѓаните немаше да ги користат своите позиции за спас на своето богатство, додека од друга страна граѓаните тонат и пропаѓаат во сиромаштија. Доколку имавме правна држава Нина Ангеловска веќе ќе се соочеше со кривична одговорност, но тоа во Македонија не е случај, затоа што тука судството е под контрола на Зоран Заев и никој кој има конекции со власта за ништо не одговара. Одговорност мора да има и ќе има!, додава Арсовски.