Пандов жестоко за Мијалков и останатите – Седнати се во скутот и оркестрирано работат под команда на Заев, а политички се импотентни и неспособни

Оној кој што следи македонска политичка сцена јасно му е дека тие луѓе се седнати во скут на Зоран Заев и дека стриктно по команда на Зоран Заев сега вака реагираат, смета аналитичарот Александар Пандов во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија, за поранешните функционери и пратеници кои што бараат оствака од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Среќната работа е што тие меѓу нивните членови и нивните симпатизери во ВМРО-ДПМНЕ имаат 0,1 проценти, дури и дали имаат такво влијание. Од тука мислам дека оние ќе бидат како фолклор кој што ќе се појавува уште некое кратко време, додаде Пандов.

Пандов истакна дека Мијалков 10 години бил втор човек во државата но никогаш не излегол да дебатира за политика, посочувајќи дека ова што го прави Мијалков и другите е надвор од рамките на ВМРО.

Мијалков беше втор човек во државата 10 години јас два збора во живо во емисија го немам видено. Он чим толку разбира политика, не со мене, еве со Мицкоски или со било кого поканете го нека дојде да дебатира. Јас не спорам дека тој има историја вмровска, крв има дадено неговата фамилија, татко му го убија за ВМРО, меѓутоа сето ова што сега го прави Мијалков, апсолутно е надвор од рамките на ВМРО, рече Пандов.

Според него сите оние кои побарале оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, е од личен интерес.

Личен интерес сите тие луѓе кои што се сега наведени за ова што го прават. Среќната околност е што тие луѓе се политички импотентни, било кој од тие ликови неспособни се, од својата фамилија нема да добијат гласови, без ВМРО како презнак пред нивните имиња, кажа Пандов.