Извршена обљуба врз 13-годишна скопјанка – Се допишувала со пет малолетници, па имале интимни односи

На 20.07.2020 во 14.00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријавила обљуба врз нејзината 13-годишна ќерка.

Според пријавеното, кон крајот на 2019 малолетничката најпрво контактирала преку социјалните мрежи со пет малолетници од Скопје, со кои се познавала од претходно, а потоа имале и интимни контакти.

За настанот е известен тим од Центарот за социјални работи и Jавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.