За крај на овој ден од изборната кампања, остварив преубава средба со спортските работници од населеното место Јурумлери. Покрај кандидатите за пратеници, на средбата присуствуваа и претседателот на комисијата за спорт при ВМРО-ДПМНЕ Влатко Неделковски и ракометната легенда Борко Ристовски, кои се директно инволвирани во спортот и се упатени во проблемите кои ги има македонскиот спорт.
Спортските работници велат дека власта недоволно вложува во спортот и младите. Нема нови игралишта, нема спортски сали, нема стипендии, нема никаков стимул за спортистите. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија на која спортот и е една од поважните области во која сака да инвестира.
Доказ за тоа се многуте игралишта и спортски сали кои беа изградени во време на ВМРО-ДПМНЕ, како и најубавиот фудбалски стадион на Балканот и пошироко. Спортистите се амбасадори на нашата татковина и тие мора да бидат вреднувани за својот труд. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на инвестиции и проекти во спортот во Република Македонија. – изјави Мисајловски.

Обновата доаѓа насекаде!
#СпортотПредСе #ИсправиСеМакедонијо