Monday, January 30, 2023
рекламно место 1spot_img
домаВЕСТИ„Транспаренси интернешнел Македонија“ до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава...

„Транспаренси интернешнел Македонија“ до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава ЗА ИСПЛАТАТА НА ПРОЕКТИ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ БЕЗ БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

„Транспаренси интернешнел Македонија“ до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против вршителот на должност директор на Агенцијата за филм за незаконските исплати од Агенцијата, врз основа на новинарски извешати, меѓу кои и на Дигиталната редакција – соопшти денес Транспаренси“.

Директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија и претседателот на Управниот одбор Александар Касапинов на прес-конференција на 24 јуни, на која Тозија кажа дека предвремената исплата на сите одобрени филмски проекти од Агенцијата е извршена без банкарска гаранција, оти во договорите нив имало член за виша сила кој е активиран. (Фото: Агенција за филм)

Антикорупциската комисија веќе има отворено предмет за истрага на предвремената исплата на сите одобрени филмски проекти од Агенцијата. Предметот ја испитува законитоста на ургентното исплаќање на сите филмски проекти од страна на Агенцијата за филм во март на почетокот на коронакризата.

Директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија на прес-конференција на 24 јуни кажа дека дека предвремената исплата на сите одобрени филмски проекти од Агенцијата е извршена без банкарска гаранција, оти во договорите нив имало член за виша сила кој е активиран. Во однос на исплатените средства за 27-те проекти во вкупна вредност од околу 35 милиони денари, Тозија кажа дека сите овие филмови се завршени со снимање и останува мал дел околу монтажата, поради што вели, нема потреба од банковна гаранција, а во случајов е активиран и членот од договорите каде како причина за тоа е наведена виша сила.

Кривичната пријава е поднесена против Тозија од „Транспаренси“ за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба, казниво по член 353 став 1 и 5 од Кривичниот законик, а во врска со член 34 од Законот за филмската дејност.

Информациите за овој настан, како што велат се обезбедени преку медиумите, а како прилог до Јавното обвинителство се доставени електронски и отпечатени верзии на извештајот објавен на Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК објавен на 26. 06. 2020 година и од извештајот од истражувачко новинарство објавен од Радио МОФ на 25.06.2020.

„Кривичната пријава е поднесена од ‘Транспаренси интернешнел Македонија’ поради тоа што не добивме впечаток дека Јавното обвинителство ќе го преиспита овој случај по допрен глас, а во објавените новинарски текстови се содржани доволно информации од кои може да се согледаат незаконските дејствија на пријавениот, а објавен е и доказен материјал кој секако претставува јавна информација и не би ја загрозил идната истрага. Покрај поднесената кривична пријава ја повикуваме и Владата да преземе мерки во нејзина надлежност за да се спречи незаконско одлевање на средства од буџетот на државата“, велат од „Транспаренси“.

„Имено, согласно член 34 од Законот за филмската дејност, продуцентите избрани на конкурс на Агенцијата, се стекнуваат со право да склучат договор со Агенцијата доколку достават договори со други продуценти, правни и физички лица со кои потврдуват дека ги обезбедиле во целост средствата предвидени во буџетот за реализација на филмскиот проект и банкарска гаранција во висина од 25% од износот на средствата кои се обезбедени од Агенцијата. Во Законот за филмска дејност строго е предвидена структурата на Договор, а во овој случај пријавениот го изменил текстот на договорот, со што постапил спротивно на законот и на тој начин ја злоупотребил својата службена положба и овластување. Имено, членот 8 од Договорот во никој случај не е и не може да биде основ директорот да додели средства за нова фаза од реализација на проектот без банкарска гаранција. Тој регулира затекната состојба, во која средствата за одредена фаза од реализацијата на проектот се веќе доделени и е приложена банкарска гаранција, и тоа е сторено пред да настане некој настан кој претставува виша сила или некој вонреден настан. На овој начин, со работа спротивна на Законот за филмската дејност и склучените договори, директорот на Агенцијата за филм доделил средства за финансирање на повеќе од 30 филсмки проекти во износ од 50 милиони денари, средства кои се обезбедени во Буџетот на Северна Македонија. Со преведувањето на средствата, без да биде приложена банкарска гаранција, директорот на Агенцијата за филм не ги заштитил средствата на Агенцијата, кои се буџетски средства и со тоа го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија“, стои во сооопштението од „Транспаренси“.

„Во дополнение, потсетуваме на досегашната (лоша) практика на Јавното обвинителство да ги отфрла сите кривични пријави кои се однесуваат на трошење пари од буџетот во случаите кога парите иако незаконски, сепак се потрошени за намената (Случајот на Зоран Ставрески за кој слушнавме и во првата „бомба“ објавена во февруари 2015 година). На овој начин се воведува правилото на неказнивост и недопирливост од правдата и се поттикнува своеволното и коруптивно однесување од поединци, кои иако од политиката се назначени на функциите треба работат во полза на јавниот интерес и да не будат недопирливи за законот. Го повикуваме обвинителството за овој случај веднаш да поведе постапка за утврдување на одговорност за сторено кривично дело како и да започне соодветна финансиска истрага и да го проследи текот на парите“, велат од „Транспаренси“.

Текстот е напишан од Б. НЕСТОРОСКА

превземен од САКАМДАКАЖАМ.МК

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img
- Advertisment -spot_img

последно додадени

последно коментирани