Денес регулаторната комисија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела горивата поскапеа за половина денар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 0,50 денар/литар,
ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 61,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 63,00 ден/лит, цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 52,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,428 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,824 ден/кг.
Останува да видиме дали и денес ќе има ново поскапување на цените.