Што се случува со здравството во државава?! Почина 34-годишен штипјанец бидејќи не бил тестиран на време
34-годишниот Бобан З. од Штип, ја загуби битката со корона вирусот, по скоро две недели борба. Не помогнаа ни повиците од семејството по социјалните мрежи за донирање на крвна плазма.
Бобан е еден од заболените од конфекцијата Грандтекс, кој во првите денови со симптоми, не успеал навремено да се тестира. Зад себе остави сопруга и двегодишно дете.
Бобан е петтата и најмладата жртва на Ковид 19 во Штип.