Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо е номиниран за најдобар тренер во светот за 2019 година од страна на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ).
Шпанецот заедно со Вардар ја освои титулата во Лигата на шампиони, иако малкумина им даваа шанса, по што Парондо замина да работи како селектор на Египет.
Парондо ќе има голема конкуренција од Кристијан Берге, Маик Мачула, Николај Јакобсен и Дидие Динар.