Обожавател сте на пивото и го обожавате вкусот на чоколадо…? Еве една идеална напивка за вас, која ќе ја обожавате и во зима покрај каминот, која совршено ги обединува и двата вкуса. Пробајте:
Потребни состојки:
- 2 и пол топчиња сладолед од чоколадо
- 150 мл темно пиво
- 5 лажици млечен коктел во прав (или јачменов слад)
Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте додека не добиете хомогена пенлива смеса. Сипете ја во чаша и уживајте.
Оди одлично со помфрит и пржени прстени од кромид.