ДКСК се обидува да направи привид дека нешто работи, а всушност не работи ништо, јавно ги повикуваме да отворат случај за местени тендери кои ги обелоденивме преку прес конференции
Антикорупциската комисија извесен период се обидува да направи привид дека нешто работи, а всушност ништо не работи.
Постапките кои ги завршува одвреме навреме се за некаков поздрав, но ноторен е фактот дека стотици претставки за сериозна корупција и криминал стојат во фиоките на антикорупционерите, само затоа што не и одговараат на власта.
Јавно, ја повикуваме ДКСК да отвори постапка за случаевите со местени тендери кои изминативе денови ги презентира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференции, каде што произнесовме сериозни докази и изразивме сомнеж за сериозен криминал и можни коруптивни зделки на власта.
Еклатантните примери на местење тендери со однапред договорени спецификации, цени и проценти за мито на релација фирми-градоначалници од СДСМ, кои деновиве јавноста имаше можност да ги види, се доволни за да ДКСК отвори постапки и ги истражи.
ДКСК треба да биде ажурна антикорупциска комисија, а не заспан заштитник на криминалот. Доколку имаат волја да се борат против криминалот на СДСМ, ние им стоиме на располагање уште веднаш.