Честитка по повод Божиќ од претседателот на ВМРО ДПМНЕ
Дозволете ми од мое лично име, и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам најголемиот христијански празник Рождеството Христово – Божиќ, тоа е денот кога започнува спасението, зошто да не беше Божиќ, немаше да го имаме Велигден, а со тоа и Воскресението и Божјото спасение за луѓето.
Во овие мигови важно е да бидеме сплотени, со чесна мисла, и со добри дела, само така ќе имаме мир и спокој во душите, но и во рамките на нашите можности ќе го менуваме општеството на подобро.На трпезите оваа година за жал ќе имаме една горчина поради се поголемата економска криза и немаштија и тоа се работите кои човека го оставаат нерамнодушен, но и треба да се голем поттик за работите да ги менуваме, а ќе ги менуваме заедно, со верба, надеж, знаење и мотив за иднина каква ја заслужува секој еден човек.Затоа сплотени и со верба во Бога да работиме за подобро, да создадеме услови кои ќе значат поттик и ослободување на интелектуалната сила и креација на секој еден човек, да ја ставиме на располагање секоја движечка сила во функција на заедничкиот развој и промени кои ќе донесат иднина.Нека Христос ви подари мир и спокој, да ве води низ животот и да биде вашата сила, за хармонија, развој вам и на вашите семејства.
Христос се роди!