Аудито на Мерко продадено за 22.000 евра преку извршител поради долгови на општината
Општина Струга го продаде службеното возило „Ауди А6“ за 22.000 евра, кое било набавено во мандатот на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко за 67.000 евра.
Продажбата е извршена преку извршител, откако актуелното општинско раководство одлучило да преземе мерки за намалување на јавниот долг кој, според податоците, изнесува околу 7 милиони евра.
Возилото било купено пред околу седум години, во период кога сметката на општината била блокирана.
Пред четири месеци, овластен извршител го запленил возилото поради неплатени обврски кон доверители, по што било спроведено негово јавно отуѓување.
Продажбата следува како дел од постапките за наплата на долгови и финансиско стабилизирање на општината.
Поранешниот градоначалник Рамиз Мерко, кој беше ставен и на „црната листа“ на САД поради обвинувања за корупција и влијание врз судски процеси, претходно беше предмет на постапки за злоупотреба на службена положба поврзани со набавка на службени возила во период на финансиска криза.
Основниот суд во Струга во тој случај донесе ослободителна пресуда, со образложение дека нема докази за сторено кривично дело.
Comments are closed.