ВОЗНЕМИРУВАЧКО:14-годишник без никаква причина претепан и избоден во Ченто – напаѓачите го оставиле да лежи во бессознание
Крвава вечер во Ченто завршила со 14-годишник на операциона маса кој бил прободен повеќепати.
На социјалните мрежи беше споделена снимка, која набргу стана вирална и се прошири низ порталите, а за која се тврди дека покажува како момчето било избодено седум пати е оставено без свест.
14-годишинкот се здобил со тешки повреди откако бил нападнат од три лица во оваа скопската населба, тврди неговото семејство.
Случајот е потврден и од Министерството за внатрешни работи. Во полицискиот билтен е наведено дека на 22 јуни околу 23:05 часот било пријавено дека на подрачјето на Општина Гази Баба малолетник бил физички нападнат од три лица.
Според родителите, нападот се случил истиот ден околу 21:30 часот. Момчето излегло од дома за да се сретне со братучедите и се движело кон улицата „Финска“, а било пресретнато пред да стигне на договореното место.
Тројцата напаѓачи без повод започнале физички да го удираат. Во текот на нападот, едно од лицата извадило нож.
Според нивните наводи, насилството продолжило и откако момчето било повредено сè додека не ја изгубило свеста, а потоа лицата го оставиле беспомошно на местото на нападот, а повредениот малолетник бил пронајден од случаен минувач, кој повикал Итна медицинска помош и полиција.
Comments are closed.