Тошковски: Не се напаѓа оној што не работи, вас ве боли тоа што македонските граѓани гледаат надеж дека во Македонија нешто може да се смени на подобро

Не се напаѓа оној што не работи, не се троши толкава енергија за оној што не менува, туку само за оној што менува нешто, а токму тоа и најмногу ве боли. Најбитно од се, вас ве боли тоа што македонските граѓани конечно гледаат надеж дека во Македонија конечно нешто може да се смени на подобро, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред претениците во Собранието во однос на интерлепацијата за неговата работа поднесена од ПП „Левица“.

Тој нагласи дека овие две години наназад е контунурано напаѓан, рамо под рамо од ДУИ, Левица и СДСМ – три субјекти кои, вели, идеолошки, политички би требало да бидат на сосема различни страни, но „вака убаво се гушкаат“ кога треба да се нападне министерот за внатрешни работи.

Тошковски на почетокот од своето обраќање, ги повика пратенциите во собраниската сала да оддадат почит со едноминутно молчење за починатиот градоначалник Јовица Илиевски.

-Почитувани граѓани на оваа убава Македонија ова е трета интерпелација за период од две години што е побарана од мене. Мислам дека е историска, не верувам дека досега имало три интерпелации, особено не за две години власт и сакам јавно да истакнам дека тоа е демократско право на опозицијата и го почитувам и лично ќе одговорам на се она што ценам дека сум должен. И кога ќе се прочита интерпелацијата може да се заклучи дека напишанто и кажаното е контрадикторно само по себе. Зборевте за се, само не за тоа што јас го работам денеска и тоа за што треба да одговорам пред македонските граѓани – зборевте за адвокатура, студии, членови на мое семејство, ама не кажавте ништи за она што се бројки и факти, македонска реалност, имплементирани проекти, чувство на безбедност кај македонските граѓани и се она што значи подобрување на животот на македонските граѓани – изјави Тошковски.

Тошковски, реплицирајќи на лидерот на Левица Димитар Апасиев, рече дека тој од 20 минути добри 12-13 минути зборувал лично против својот сограѓанин.

-Слушнав многу манипулации, лаги, клевети, нечовечки напади. За еден велешанец, навистина под секое ниво, но тоа е ваш избор и за тоа нека судат македонските граѓани – порача Тошковски.

Според Тошковски интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата и ги наведе сите досега реализирани проекти во интерес на граѓаните. Со неа, вели тој, Левица уште еднаш покажала дека, свесно или несвесно, во пракса станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ.

-Удирајќи по мене удирате во институција којашто за првпат по 30 години покажа дека законот важи еднкаво за сите и особено стигна до оние што мислеа дека се недопирливи, а тоа е поранешната власт на ДУИ и СДСМ, оние што грабаа и оставија пустош зад себе… Затоа оваа интерпелација не ја доживувам како суд за мојата работа, туку како уште еден очаен обид за собирање на некој евтин политички поен – порача Тошковски

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK