Гром удри вчеравечер на граничниот премин „Евзони“, колапс на системот, туристите заглавија
Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница се соочи со сериозни технички проблеми по удар од гром, кој предизвика прекин на електричната енергија и го наруши работењето на клучните системи.
Според информациите објавени на српските медиуми, агрегатите не успевале да обезбедат доволно енергија за непречено функционирање на сите уреди и услуги на преминот.
Дополнителни тешкотии се појавија поради проблеми со интернет-врската, па дури и во областите каде што снабдувањето со електрична енергија е стабилизирано, системите не работеа со полн капацитет.
Comments are closed.