ОСУМ ГОДИНИ од најантимакедонската авантура на Заевци, од најголемиот македонски РЕЗИЛ!

Во малото грчко село Нивици (Псарадес), на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа, со кој тогашната влада на Зоран Заев капитулираше пред грчките ултиматуми..

Со договорот,  Република Македонија без никава консултација со народот го промени своето исконско и уставно име во Република Северна Македонија.

Договорот беше резултат на сериозен и невиден меѓународен притисок на кој потклекна Заев и антимакедонската екипа и по бедни неколкумесечни интензивни преговори меѓу двете страни, во период кога во Грција на власт беше СИРИЗА, а во Македонија СДСМ, се покажа употребната вредност на Заев и зошто истиот беше востоличен на власт без да победи на избори.

Документот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи, македонската дилајла  Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите, црпнатиот за таа потреба од нива Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и посредникот Метју Нимиц и високи претставници на Европската Унија и меѓународната заедница.

Нешто повеќе од три месеци по потпишувањето, на 30 септември 2018 година, граѓаните беа повикани на референдум да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. И ГРОМОГЛАСНО РЕКОА НЕ, но заевци ја извитопериај прикаската и не го послушаа гласот на народот.

Излезноста на референдумот изнесуваше 36,91 отсто, при што 91,47 проценти од излезените гласаа „за“, а 5,64 проценти „против“. Референдумот беше неуспешен, бидејќи не беше достигнат потребниот цензус од над половина од вкупниот број запишани избирачи. Тоа го констатираше и ДИК. Заевци не го почитуваа резултатот.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK