ПОРТУГАЛСКИОТ ИЗВЕСТУВАЧ ВО СЕНКА НА СТРАНАТА НА МАКЕДОНИЈА: Неприфатливо е ЕУ да се меша во политичкиот систем на земјата
Дебатата за европската иднина на Западен Балкан во Европскиот парламент донесе уште една порака што предизвика реакции кај бугарските европратеници.
Покрај известувачот за Македонија, Томас Вајц, поддршка за земјата искажа и португалскиот известувач во сенка Антонио Танжер Кореја.
– Повеќето од овие земји порано беа многу поблиску до ЕУ. Наша е вината, поради тоа што ги напуштивме. Во однос на Република Македонија, се согласувам дека ни е потребна во ЕУ, но нема потреба да се мешаме во нивниот политички систем и во нивната рамка. Тоа оди подалеку од Копенхашките критериуми, што не е прифатливо – рече Кореја.
Според него, ваквиот пристап не претставува политика на проширување.
– Ова не е политика на проширување, туку „раздели па владеј“. Ние не се согласуваме со какво било мешање во овие земји – додаде португалскиот европратеник.
Неговата изјава беше протолкувана како критика на барањата поврзани со внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.
Comments are closed.