Потпалени две возила на бугарската амбасада, за бугарското МНР тоа е последица на агресивниот политички говор и омразата
Припадници на МВР се во активна потрага по непознатиот напаѓач, кој денеска среде бел ден подметнал пожар на возила на бугарската Амбасада во центарот на Скопје, објави Вечер.мк.
Имено, младиот човек, според информации на порталот, полил и запалил едно возило „сузуки витара“, а пожарот го зафатил и соседното возило, сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Македонија, по што се дал во бегство.
Огнот бил за кратко врееме угаснат од вработените во обезбаедувањето на Амбасадата и обезбедувањето.
Силни полициски екипи го обезбедуваат просторот околу Бугарската амбасада во центарот на Скопје, додека други полициски единици и безбедносни органи се во потера по подметнувачот на пожарот.
„Министерството за надворешни работи на Република Бугарија најостро го осудува овој демонстративен чин на агресија, кој ги загрозува здравјето и животите на вработените во нашата Амбасада во Скопјe.“
„Без навремена интервенција на бугарскиот конзул со апарат за гаснење пожар, штетата од ова намерно палење можеше да биде значително поголема. Инсистираме на брза правда во случајот.
„Бугарската држава ќе продолжи да ги користи сите воспоставени механизми за да се спротивстави на обидите за создавање атмосфера на страв кај Бугарите во С.Македонија.“ – пренесе БГНЕС.
Comments are closed.